Ивандер Холифилд ја прогнозира потенцијална борба меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа

Привразаниците на боксот со години ја задираа големата британска пресметка меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури, но пресметката никогаш не се случи.

Тие никогаш не се сретнаа кога беа светски шампиони, ниту ќе се сретнат сега кога веќе не го носат тој товар.

До неодамна се уште сериозно се зборуваше за нивна борба, но Џипси Кинг на почетокот на годинава најави дека се пензионира.

Фјури го направи овој потег само неколку недели по неговиот втор последователен пораз од Александар Усик, кој ги одбрани титулите во тешка категорија во ВБЦ, ВБА и ВБО.

„Џипси Кинг“ лани во мај ја загуби првата борба во мечот за апсолутната светска титула во тешка категорија, а Украинецот шест месеци подоцна беше поуспешен во реваншот.

А Џошуа исто така излезе на врвот во неговата последна борба. Имено, Еј Џеј во септември минатата година загуби со нокаут во петтата рунда од Даниел Дубоа во борба за титулата на ИБФ.

Со оглед на тоа што ниеден моментално не ја држи титулата, сега е совршено време за долгоочекуваниот судир. Сепак, ненадејната најава за пензионирање на Фјури ги попречи тие планови.

Но, поранешниот шампион во две категории, Ивандер Холифилд неодамна зборуваше за големата британска пресметка и даде своја прогоноза за потенцијалниот меч Фјури-Џошуа.

„Дефинитивно би била добра борба бидејќи и двајцата се борат речиси на ист начин. Верувам дека Фјури е тип на борец кој може да се прилагоди на секого, вклучувајќи го и Џошуа. Мислам дека може да го победи“, нагласи Ивандер Холифилд.

Фјури официјално е во пензија, но продолжува да тренира и изгледа доста мотивирано. Многумина се надеваат дека наскоро може да се премисли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON