Христијан Симоновски петти на Европскиот Гранд при турнир во таеквондо во Талин

Христијан Симоновски вчера настапи на Европскиот Гранд при турнир во таеквондо во Талин, Естонија, и го освои петтото место.

Во првото коло го совлада претставникот на Ерменија, Јеремаја Стуопа, потоа во борбата за медал загуби во тесна борба од Андреас Никопулус натпреварувач од Грција.

Со ова Христијан заврши на 5-тото место на овој Гранд при на кој учествуваше европскиот крем во таеквондо, за што е потребна норма или, пак, покана за учество.

Христијан е шестопаласиран на официјалната европска ранг-листа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON