Потврден резултатот од мечот меѓу Дејвис и Роуч: И двајцата ја прифатија судиската одлука

Минатиот викенд Џервонта Дејвис ја одбрани титулата на ВБА во лесна категорија, откако неговата борба против Ламонт Роуч Јуниор заврши нерешено.

Голема прашина се крена околу нивниот дуел во салата Баркли центар во Бруклин, особено поради случувањата во деветата рунда.

Имено, во еден момент Дејвис клекна, па отиде во неговиот агол за некој да ја избрише маснотијата што му се излева од косата во очите, барем така објасни по мечот.

„Два дена пред мечот ја средив косата и ми ставија некаква маст на косата. Маста од потта ми се слеваше по лицето и очите ми гореа. Само сакав некој да ми го избрише лицето. Толку лесно можепе да слета удар, а јас немаше да го видам“, ​​изјави Џервонта Дејвис.

Судијата оцени дека не се работи за нокдаун и не го санкционираше потегот на Тенк.

Многумина веруваат дека судијата Стив Вилис требало да му брои на Дејвис, кој потоа би заостанал на поени и на крајот би го загубил мелот.

Едниот судија ја бодуваше борбата за Дејвис 115-113, додека другите двајца имаа ист резултат – 114-114.

Спортската комисија на Њујорк го презеде случајот и спроведе истрага. Откако испитаа се, донесоа одлука и го потврдија резултатот од мечот.

„Бидејќи борбата продолжи повеќе од три рунди откако судијата оцени дека нема нокдаун и со оглед на тоа што боксерите ја прифатија судиската одлука, тој настан не беше пресуден за исходот на борбата“, се вели во соопштението на Комисијата за спорт.

Двајцата боксери веќе неколку пати изјавија дека сакаат нова борба, а Џервонта изјави дека сака што поскоро реванш против Ламонт, се надева до крајот на мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО