Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, објави листа на 15 најдобри ММА борци на сите времиња (ГОАТ/ GOAT – Greatest Of All Time).
Легендарниот дагестански „Орел“, кој ја заврши својата ММА кариера во 2020 година како непоразен борец, сè уште важи за еден од најдоминантните борци што некогаш влегле во кафезот. Не само што ги доби сите 29 професионални борби, туку загуби само една или две рунди во сите тие борби, што е неверојатно достигнување.
По пензионирањето тргна по стапките на покојниот татко Абдулманап Нурмагомедов и ја презеде улогата на тренер. Како тренер продолжува да постигнува врвни резултати, а најистакнат член на неговиот тим е актуелниот шампион во лесна категорија Ислам Махачев, кој неодамна го собори рекордот по бројот на одбрани титули во својата дивизија.
Со таква импресивна боречка биографија и драгоцено искуство, мислењето на Хабиб котира многу високо во ММА круговите. Така што не е чудно што неговата листа „ГОАТ“ од 2023 година се уште е актуелна тема во пошироката боречка јавност.
Иако се работи за листа од 15 места, на неа вкупно има 20 легендарни имиња, бидејќи 15-то, 14-то, 13-то, 12-то и првото место го делат двајца борци.
Сите 20 борци на листата имале престижни појаси барем еднаш во својата кариера, било под покровителство на УФЦ и Прајд ФЦ и други организации за боречки вештини.
На 14. место се најдоа двајца Хрвати, Мирко Филиповиќ-Кро Кап и Стипе Миочиќ. Жорж Сент-Пјер, за кој се шпекулираше дека ќе може да го повлече Хабиб од пензија за голема суперборба, дојде во високото второ место. Првото место го делат легендарните Федор Емелијаненко и Џон Џонс, а целата листа можете да ја погледнете подолу во објавата на Инстаграм профилот на Red Corner MMA.
View this post on Instagram