Дејан Георгиевски е во финалето на „Турција опен Г2“-еден од најсилните таеквондо турнири во светот

Дејан Георгиевски е во финалето на силниот Меѓународен таеквондо турнир „Турција опен Г2“ во Анталија.

Олимпискиот вицешампион извојува три фуриозни победи над ререзентативци на Турција, Казахстан и во полуфиналето против еден од најдобрите таеквондости во светот Хамидреза Бадријалијабади.

„Турција опен Г2 годинава се одржува во Анталија, присутна е цела олимписка таеквондо елита. Традиционално овој турнир значи за еден од најсилните во светот.

Сребро и сериозни поени од Г2 се обезбедени за следните олимписки игри, одиме на злато“, пишува тренерот Дарко Костовски.

Резултати – Турција опен Г2:

+87 кг
Дејан Георгиевски – Ефе Ахмет Сариоглу (Турција) 1-0
Дејан Георгиевски – Шојхјахон Каримбоев (Узбекистан) 2-1
Полуфинале
Дејан Георгиевски – Хамидреза Бадријалијабади (Азербејџан) 2-1
Финале
Дејан Георгиевски – Марат Мавлонов (Узбекистан)

-74 кг
Филип Блажевски – Абдулкадир Инан (Турција) 2-0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО