Боб Арум го посочи најдобриот боксер што некогаш го видел

Неприкосновен светски шампион во две тежински категории, Наоја Инуе има импресивна колекција на титули, а неговите најдобри години допрва доаѓаат.

Иако има уште многу можности за почести пред себе, легендарниот промотер Боб Арум веќе е убеден во неговиот исклучителен талент и го нарекува најдобриот борец што некогаш го видел.

„Инуе не е само најдобриот „паунд фор паунд“ борец во светот – тој е најдобриот борец што некогаш сум го гледал, без разлика на тежинската категорија“, рече Арум во интервју за Џеј Мекалистер.

„За речиси 60 години во боксот, не сум видел некој како Инуе“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО