Најдобрите македонски таеквондисти Дејан Георгиевски и Мила Рељиќ од денес до 14 февруари настапуваат на силниот Меѓународен турнир „Турција опен“ од Г2 серија.
Ова е шанса да се соберат што повеќе бодови за олмписката ранг-листа за Олмписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.
Македонската таеквондо федерација го покрива учеството на Турција опен.