Ислам Махачев не верува во мистериозната техника за која зборуваше Арман Царукјан пред нивниот реванш на УФЦ 311.
Дагестанецот го потсети противникот на неговите зборови пред борбата со Чарлс Оливеира. Махачев ќе го брани шампионскиот појас во лесна категорија на УФЦ кога викендов ќе се соочи со Царукјан по втор пат во кариерата на УФЦ 311 во Калифорнија. За Дагестанецот ова ќе биде шанса по четврти пат да ја одбрани шампионската титула во категоријата до 70 килограми на организацијата.
Царукјан најави дека во реваншот со Махачев има намера да покаже мистериозна техника каква што навивачите никогаш не ја виделе во октагонот на УФЦ. Шампионот во разговор со новинарите се осврна на зборовите на предизвикувачот. Ислам нè повика да не му веруваме на Царукјан затоа што тој наводно ќе го заврши Оливеира, но едвај го победи со одлука.
„Ви реков да не верувате во зборовите на Арман бидејќи најави дека ќе го заврши Чарл Оливеира во првата рунда. Нивната борба заврши со поделена одлука, па не можете да му верувате. Третата борба не е интересна, нема да има смисла“.
Три пресметки со иста личност? Ќе дојде новата генерација, бидејќи ја имаме најопасната тежинска категорија. Ова е една од најтешките категории и во УФЦ и во боречките спортови. Ми треба нова цел“, изјави Махачев за медиумите.