Многу тензична прес-конференција пред УФЦ 311

Ислам Махачев и Арман Царукјан беа воздржани кога се соочија лице в лице само неколку дена пред нивната борба на УФЦ 311.

Борците во лесна категорија се подготвуваат за една од најочекуваните борби за титулата, но сепак имаше голема почит меѓу поранешните противници кои повторно ќе се сретнат во недела наутро. Махачев победи на првата средба, со тешка едногласна одлука, но Царукјан оттогаш бара реванш.

Двајцата борци се загледаа еден во друг на сцената пред бурната толпа во Интуит дом во Лос Анџелес, а потоа се свртеа кон обожавателите. Двајцата повторно ќе се сретнат за време на свеченото мерење.

Во меѓувреме, препукувањето и враќањето меѓу Мераб Двалишвили и Умар Нурмагомедов продолжува.

Двајцата борци во бантам категорија, кои се среќаваат на коглавната броба на УФЦ 311 во саботата, вчера повторно се скараа на прес-конференцијата. Овој пат Двалишвили, кој влегува во борбата како бранител на титулата, ја започна расправијата прашувајќи го Нурмагомедов за неговата националност, што дојде како одговор на Нурмагомедов, кој на почетокот на неделата рече дека е поголем Грузиец од него.

„Ова е уште една глупост од негова страна“, рече Двалишвили. „Се разбира, тој не е Грузиец. Не може ни да го претставува Дагестан, ја претставува Русија. Умар, ќе дознаеш во сабота навечер“.

„Омар, имам прашање:

Од каде си“?

Нурмагомедов одговори:

„Од Русија и Дагестан“, што го насмеа Двалишвили.

Нурмагомедов продолжи да го испрашува Двалишвили зошто живее во САД, а не во Грузија. Двајцата се расправаа и на крајот преминаа на други теми на дебата, повеќе поврзани со борбата.

Русија и Грузија имаат долга и комплицирана историја. Откако Грузија прогласи независност од Русија во 1918 година, имаше многу конфликти и инвазии од страна на Русија. Последната, голема ескалација меѓу двете земји доведе до војна позната како Руско-грузиска војна од 2008 година.

Покрај нив, со интерес се чека и борбата меѓу Џамхал ​​Хил и Јиржи Прохаска, кои сакаат да добијат реванш со шампионот во полутешка категорија Алекс Переира:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО