Конор Мек Грегор ги исмева ирските борци кои му го лижеа задникот на Хабиб

Во последните денови, Хабиб Нурмагомедов се најде на удар и потсмев поради неговото последно интервју.

Поранешната ѕвезда на УФЦ изјави дека Ирска е земја која нема добри ММА борци. Таму имаше само две имиња и тоа беа Конор Мек Грегор и Пол Хјуз. Нурмагомедов исто така рече дека Дагестан доминира и во професионалната и во аматерската ММА. Подоцна Хабиб излезе со објава на социјалните мрежи за да ги потврди своите зборови.

Конор Мек Грегор не беше среќен и излезе со објави кои се контрадикторни на Дагестанецот. Се разбира, Мек Грегор подоцна ги избриша објавите. „Озлогласениот“ не е готов со Хабиб и реши овојпат да се исмева со сонародниците кои со години му го лижат задникот на Нурмагомедов.

„Многу ирски борци му го лижеа задникот со години, а тој вели дека се се за никаде. Класика. Лижачите на задници го добиваат она што го заслужуваат“, напиша Мек Грегор во избришаните објави.

Хабиб и Мек Мрегор се бореа во 2018 година. Нурмагомедов успеа да го победи со завршница (принуда), а борбата стана најпродавана во историјата на УФЦ. Расправијата меѓу двајцата оттогаш врие и се чини дека нема да има крај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО