Пензионираниот боксер Флојд Мејведер јуниор за Божик му купил зграда вредна 20 милиони долари на својот двегодишен внук Кентрел Голден. Зградата се наоѓа во познатиот Дистрикт на дијаманти, на раскрсницата меѓу Шестата авенија и 47-та улица, на Менхетн, Њујорк.
Во зградата има деловни простории, канцеларии, продавници за дијаманти, а на неа има и голем панел за рекламирање.
„Кога бев млад, купував во тој дуќан, не можев ни да сонувам дека ќе станам сопственик на тоа место. Сè е можно кога си посветен и работиш напорно“, изјави Мејведер по овој повод.
Floyd Mayweather bought his grandson Kentrell Jr a building in the NYC Diamond District for Christmas. Continuing generational wealth🏫🎁 pic.twitter.com/tTMpGCOCP5
— Wave Check🌊 (@thewavecheckk) December 26, 2024
Според информациите од светските медиуми, зградата го чинела 20 милиони долари.
Мејведер не е само еден од најдобрите боксери во историјата со рекорд од 50 победи и ниеден пораз, туку и еден од најбогатите спортисти на сите времиња. Неговото сегашно богатство се проценува на речиси 500 милиони долари, а за време на неговата кариера заработил околу 1,1 милијарда долари од бокс.
Познат е по тоа што не ја крие својата љубов кон парите и ужива да ги троши на луксузни работи кои се недостижни за повеќето луѓе.