Зеленски по победата на Усик: Се бориме и нема да се предадеме

Украинскиот претседател Влaдимир Зеленски ја поздрави победата на Aлександaр Усик над Тајсон Фјури во реваншот за светската титула во тешка категорија, нарекувајќи ја доказ дека Украина „нема да се откаже од она што ни припаѓа“.

„Победа. Толку важно и неопходно за сите нас сега“, напиша Зеленски во објавата на Телеграм.

Украина останува во војна речиси три години по инвазијата на Русија, но Зеленски рече дека триумфот на Усик е знак на украинската издржливост и решителност.

„Откако ги задржа шампионските појаси, Aлександaр докажува: ние сме Украинци и нема да се откажеме од она што ни припаѓа. И колку и да е тешко, ќе победиме. Без разлика дали е во рингот, на бојното поле или на дипломатската арена, ние се бориме и нема да се откажеме од она што е наше. Честитки за победата, Козаку! Честитки за победата на Украина! Слава на Украина“, рече претседателот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО