Усик откри што мисли за тежината на Фјури: Се подготвував да се борам со подвижна тврдина

Остануваат уште неколку часа до големиот боксерски настан во Саудиска Арабија, реваншот во тешка категорија меѓу светскиот шампион Александар Усик и Тајсон Фјури.

Во средината на мај во мечот за апсолутен шампион Украинецот со поделена одлука го совлада Кинг Џипси, кој веднаш побара реванш.

А Фјури, откако слета во Ријад, постојано повторува дека реваншот го сфатил максимално сериозно и дека планира да ја заврши борбата пред да се огласи гонгот.

„Мојот план е да го нокаутирам копилето, да го исфрлам од рингот. Минатиот пат направив се одлично, но не победив. Тоа беше тесна борба. Овој пат ќе бидам поинаков борец“, изјави Тајсон Фјури и додаде:

„Нема повеќе оправдувања, вистинскиот Тајсон Фјури во сабота ќе влезе во рингот. И ќе го нокаутирам Усик, знам дека ќе го направам тоа. Кога ќе нападне ќе го уништам“.

Британецот во денешната борба влегува со 25,4 килограми повеќе од светскиот шампион, кој ќе ги брани титулите на ВБА, ВБЦ и ВБО.

Кралот на Ромите на мерењето пристигна со 127,5 килограми, додека Усик беше значително полесен, вагата покажа 102,1 килограми.

„Секако, не е исто кога ќе те удри некој тежок 130 или 110 килограми. Свесен сум дека овој пат ќе биде поинаку. Тренирав и се подготвував да се борам против шетачка тврдина“, призна Усик и продолжи:

„Работев многу, всушност многу тренирав бидејќи знаев дека мојот противник ќе биде поинаков. Но, исто така, нема да бидам истиот борец како во првата борба. И сакам да биде најдоброто досега“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО