Се сеќавате на ММА борецот без рака? Синоќа прекина пауза од две и пол години и постигна спектакуларен нокаут!

Во денешното ММА можеме да видиме секакви работи. Од борби меѓу маж и жена во кафез, до пресметки меѓу „силниот човек“ и џуџињата, па сѐ до некои побизарни работи кои не треба ни да се спомнуваат. Сепак, една инспиративна приказна ни доаѓа од Бразил, а неговото име е Марни Макс.

Да, тоа е борецот кој нема лева рака, односно му недостасува дел од лактот надолу. Сепак, таквиот хендикеп не го спречи Макс да го работи она што најмногу го сака – боречките вештини. Иако како дете почнал да се занимава со тајландски бокс, во светот на ММА влезе во 2013 година. Тој не изгледаше премногу добро на почетокот на кариерата, но синоќа ја забележа третата последователна победа.

Макс се бореше против сонародникот Естеферсон да Силва, а на Макс му беа потребни околу минута и половина да го испрати на подот. Со неколку удари на подот ја заврши работата и со тоа стави крај на паузата која траеше повеќе од две и пол години. Тој во актуелниот последен настап го совлада противникот со „удар со пета“, а сега забележа нова победа со нокаут.

Што да кажам за ова, освен да му честитаме на Макс за победата на овој натпревар, но и за истрајноста во професионалната кариера и покрај хендикепот. Овој борец навистина може да биде инспирација и мотивација за секој да ги следи своите соништа, бидејќи ако може да забележи победи во кафезот ММА без една рака, тоа значи дека се е можно кога тој сака.

Видеото од борбата меѓу Макс и Силва можете да го погледнете во продолжение:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Central UFC (@centralufcbr)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО