Ивана Хабазин загуби од Наташа Џонас и остана без шампионскиот појас на ВБЦ

Најдобрата хрватска боксерка Ивана Хабазин по голема борба не успеа да го одбрани појасот на ВБЦ во полусредна категорија.

Ивана на настанот на Боксер промоција во салата на Егзебишн центарот во Ливерпул загуби од Англичанката Наташа Џонас. Тоа беше нејзин шести пораз во кариерата.

По десет рунди од по две минути домашната боксерка со едногласна одлука на судиите ја победи Хабазин и на својата ИБФ титула ја додаде титулата светски шампион во ВБЦ.

Почетокот на мечот очекувано помина во испитување на силите, а првото возбудување го даде третата рунда во кое двете боксерки си разменија неколку одлични комбинации.

Во четвртата рунда Наташа погоди одлична десно кроше, а Ивана се најде во неволја, но го издржа притисокот.

По пет рунди Џонас беше во водство кај судиите, а хравтската боксерка порешително влезе во вториот дел од мечот, но посериозно не се закани на големата противничка.

Англичанката продолжи добро да погодува и тактички одлично се снајде во последниот дел од дуелот за конечна убедлива победа. Судиите бодуваа 100-90, 99-91 и 99-92 во корист на домашната боксерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО