На повидок голема УФЦ суперборба? Ислам Махачев му порача на вториот шампион: Ќе се бориме, ако сакаш!

Ислам Махачев изрази интерес за борба против Илија Топурија и таа може да стане една од најпрофитабилните суперборби што УФЦ може да ги организира. Двајцата шампиони со месеци разменуваат коментари на социјалните мрежи.

Актуелниот шампион во перо категорија Топурија последен пат ја одбрани титулата во октомври кога стана првиот борец кој го нокаутира Макс Холовеј. Од друга страна, Ислам Махачев ја одбрани титулата во јуни годинава кога го принуди Дастин Пориер да се потчини. Шампионот во лесна категорија оттогаш не се натпреварува бидејќи се опоравува од повредата на раката, но неофицијално се очекува да се појави на УФЦ 311.

Веб-страницата Хоум оф фајт објави видео од интервјуто на Махачев за рускиот медиум „Мач ТВ“, во кое Дагестанецот разговара за потенцијална „супер борба“ против „Ел Матадор“ и истакна дека е отворен за таква борба:

„Топурија е шампион, тој мора да зборува. Сигурно ќе разговараме малку со него. Тој постојано зборува за мене. Веројатно сака да ми каже нешто. Ајде да разговараме. Ќе се бориме, ако сака“.

Топурија не ја крие самодовербата и неодамна ја сподели својата прогноза за потенцијален дуел со Махачев. Во интервју со новинарот Алваро Колменеро во октомври, Топурија изјави:

„За Ислам Махачев јас претставувам стил за кој знае дека може да го победи. Значи, иако ми изгледа како многу тежок меч, јас би го натерал Ислам многу да страда“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО