Поранешниот двократен боксерски шампион Ентони Џошуа доживеа тежок пораз од Даниел Дубоа во мечот за титулата во тешка категорија на ИБФ во септември.
Неговиот лут противник Дилиeн Вајт го поддржува Еј Џеј во желбаta да ја продолжи кариерата без оглед на болниот пораз.
„Му остана уште многу во резервоарот, а и понатаму привлекува многу обожаватели. Тој е сè уште голем удирач. Тој не беше толку лош до последниот удар на Дубоа“, изјави Дилиен Вајт за Скај спорт и додаде:
„Тешко е да се каже, тој е млад, силен, изгледа како да е во неверојатна форма. Нему му претстојат уште битки“…
А Даниел Дубоа го победи Еј Џеј со брутален нокаут во петтата рунда на преполниот Вембли и го одбрани светскиот шампионски појас.
По мечот се зборуваше за потенцијален реванш меѓу Дубоа и Џошуа, но тоа од тоа се откажаа.
Имено, враќањето на Даниел беше најавено за февруари, што е премалку време за Ентони да се подготви.
Вајт не верува дека последниот тежок пораз треба да значи крај на боречката кариера на Џошуа.
„Кога некој ќе загуби меч во тешка категорија со нокаут, многумина веднаш мислат дека е подобро тој борец да ја заврши кариерата“, изјави Дилиен Вајт и продолжи:
„Затоа и немаше многу борби, бидејќи на луѓето им беше најважна им беше победата, поразот и нерешениот резултат, наместо да уживаат во мечот на двајца врвни боксери, што пред неколку години не се случуваше“.
Тренерот Тони Симс, кој работеше со Џошуа во раниот дел од неговата професионална кариера, верува дека Еј Џеј го чека борба против Тајсон Фјури, кој има реванш против Александар Усик на 21 декември.
„Младите боксери секогаш се желни да се докажат. Џошуа има 35 години и беше голем шампион. Имате млад борец, Даниел Дубоа, кој е гладен за успех и ја освои титулата“, рече Тони Симс, а потоа подвлече:
„И сега мислам дека ќе следи борбата меѓу Фјури и Џошуа, без разлика дали Тајсон ќе победи или загуби од Усик. Ентони очигледно чека и мислам дека се уште е голема борба. Одличен меч за двајцата“.