Џејк Пол го провоцираше Мек Грегор за пресудата за силување, па доби мило за драго

Конор Мек Грегор вчера беше прогласен за виновен за силување од страна на Граѓанскиот суд во Даблин, чијашто порота утврди дека во 2018 година во хотел имал сексуални односи со Никита Ханд без нејзина согласност. При што судот пресуди дека познатиот спортист ќе мора да ѝ плати отштета од 248.000 евра.

Неинформиран коментар и хомофобичен одговор

Дана Вајт ја удира сопругата, Конор е осуден за силување, но јас сум негативецот“, напиша Пол, не разбирајќи ја разликата помеѓу граѓанска парница и кривичен суд. Конор веднаш му одговори со нималку суптилен одговор: „Не, ти си мал геј бубалица“, по што веднаш беше обвинет за хомофобија.

 

 

 

Англискиот Мирор го пренесува и одговорот на Пол: „Кога ќе наречеш некого геј и мислиш дека си му покажал, само покажува колку кокаинот ти го спржил мозокот. Поздрав до сите бубалици“. Во меѓувреме објавата со овие расправии во коментарите беше избришана.

Мек Грегор најави жалба

Мек Грегор всушност не е осуден, тој само изгуби граѓанска парница против жена која тврдеше дека тој и неговиот пријател Џејмс Лоренс ја силувале во хотелска соба во декември 2018 година. Конор тврдеше дека и двајцата имале сексуален однос со неа, но одделно и со нејзина согласност, а од друга страна Лоренс не беше прогласен за виновен.

Мек Грегор, кој пресудата ја ислуша во судницата во друштво на семејството, вклучувајќи ја и неговата партнерка Ди Девлин, изрази незадоволство од пресудата и најави жалба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО