МекГрегор се огласи откако беше прогласен за виновен за сексуален напад: Ќе се жалам

Поранешниот шампион во две дивизии на УФЦ, Конор МекГрегор, ја даде својата прва изјава откако беше прогласен за виновен за сексуален напад во граѓанскиот случај против него во судот во Даблин.

ММА борецот мора да плати 258.440 долари на Никита Хенд, која тврди дека била силувана од МекГрегор во 2018 година.

„Ќе се жалам на денешната одлука. Одлуката на судијата, казната беше изречена, а јас сум разочаран што поротата не ги слушна сите докази. Сега сум со семејството и фокусиран сум на иднината. Им благодарам на сите што ме поддржуваат ширум светот“, напиша Мекгрегор на социјалната мрежа Х, а потоа ја избриша својата објава.

Тој призна дека имал секс со Никита Ханд, но тој чин бил консензуален според него. 36-годишниот борец негира дека ја нападнал госпоѓата, но додал дека сексот бил „пофизички“.

За време на судењето, Мек Грегор му се обрати на адвокатот на Хенд, велејќи: „Вашиот клиент е полн со лаги. Сето тоа е лага“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО