Џејк Пол: Намерно не го нокаутирав Тајсон, се плашев…

Големата битка меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол се претвори во настан кој ги разочара искрените љубители на боксот, бидејќи наместо вистинска борба, во осумте рунди се гледаше компензирање и доста дефанзивен пристап од двајцата борци.

Големата разлика во години (31) дојде до израз уште во третата рунда и Мајк Тајсон почна многу потешко да се движи, па иако Џејк Пол диктираше со удари и подобар став во рингот, на моменти изгледаше како боксер кој намерно не сака да го нокаутира големиот шампион од минатото.

Познатиот јутјубер беше прашан токму за ова на прес-конференцијата по борбата која му припадна нему со судиска одлука, а при обраќањето самиот објасни зошто не го патосирал „челичниот Мајк“.

„Се обидував да му нанесам мала штета, се плашев дека можам да му нанесам огромна штета ако го нокаутирам. Точно е, го намалив ритамот во последните рунди, сакав спектаклот да биде целосен и за навивачите.

„Но, прво и основно, не сакав да му нанесам огромна штета на некој кој не треба да биде повреден“, изјави Пол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО