Теодор Стојановски е награден со 120.000 денари од Општина Бутел за среброто на ЕП

На Теодор Стојановски, кој неодамна освои сребрен медал на Европското кадетско првенство во Тирана, Албанија, во олимпиското таеквондо, Општина Бутел му додели парична награда во висина од 120.000 денари, објави градоначалникот на Општината Дарко Костовски на својот Фејсбук профил.

Притоа се наведува дека Теодор успеа да елиминира репрезентативци на Кипар, Украина и Британија. Во финалето загуби од репрезентативец на Франција.

„Теодор Стојановски е член на Теквондо клубот Бутел и жител на населеното место Радишани. Нова државна олимписка надеж.

Општина Бутел по кој знае кој пат докажува дека е најспортска општина во Македонија“, пишува Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО