Ќе го нокаутирам Тајсон, се закани Џејк Пол

Бившиот јутјубер Џејк Пол се обложува на себеси дека ќе ја победи боксерската легенда Мајк Тајсон кога двајцата ќе се соочат во рингот утре (15 ноември). Пол, кој е 31 година помлад од Тајсон, кажа дека се надева на класичен настап на Железниот Мајк, за кого ова ќе биде прва професионална борба од 2005.

„Сакам да биде оној стар дивјак. Го сакам тој убиец. Сакам ова да биде најтешкиот можен меч и не сакам изговори од никого кога ќе го нокаутирам“, кажа 27-годишниот Пол.

На Тајсон не му се збореше многу на прес-конференцијата, па даваше само кратки одговори.

„Спремен сум за борба. Нема да изгубам“, кажа Тајсон, чие однесување Пол го опиша како досадно.

Мечот првично требаше да се одржи на 20 јули, но Тајсон тогаш откажа поради стомачен чир. Неколку сојузни држави одбија да ја признаат борбата, што на крајот го стори Тексас. Мечот ќе има осум, место вообичаените десет или 12 рунди, кои ќе траат по две, а не три минути. Ова ќе биде првиот меч од боречките спортови што ќе се пренесува на „Нетфликс“.

„Ова ќе биде војна. Двајцата сме моќни удирачи и мечот нема да трае полни 16 минути“, најави Пол.

Тајсон оствари 50 победи и шест порази пред да се пензионира пред 19 години, додека Пол досега има скор 10-1, од кои седум нокаути. Сепак, тој досега не се борел со боксер од рангот на Тајсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО