Стефан Михајловски обезбеди втора бронза за Македонија на ЕП во кик бокс

Стефан Михајловски е вториот македонски кикбоксер кој обезбеди најмалку бронзен медал на Европското првенство за сениори во Атина, Грција.

Михајловски го победи германскиот репрезентативец Стефан Тикс со 3-0 и закажа полуфинале со Украинецот Серхи Бабенко.

Мите Ашкилов е поразен од Србинот Марко Симпрага со 0-3. Ашкилов се здобил со повреда на носот во втората рунда, а докторите не му дозволиле да го продолжи мечот.

Да потсетиме дека Бобан Илиоски го совлада Хрватот на Петар Јаман и се пласира во полуфиналето, односно ја обезбеди првата бронза за Македонија.

На ЕП настапуваат 982 кикбоксери со 1133 натпреварувачки влезови од 41 држава.

Резултати – Европско првенство кик бокс:

Кик лајт
-50 кг Леа Бошевска – Нил Бејза Гохан (Лихтенштајн) 0-3 ¼ финале
-55 кг Андреа Костовска – Меган Охаре (Велика Британија) 0-3 1/8 финале
-94 кг Мите Ашкилов – Марко Симпрага (Србија) 0-3 ¼ фимале

+94 кг
Стефан Михајловски – Стефан Тикс (Германија) 3-0 ¼ финале
Полуфинале
Стефан Михајловски – Серхи Бабенко (Украина)

Лоу кик
-86 кг
Бобан Илиоски – Петар Јаман (Хрватска) 3-0 ¼ финале
Полуфинале
Бобан Илиоски – Филис Христос (Грција)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО