Мајк Тајсон се прозинесе за реваншот меѓу Усик и Фјури

Боксерската легенда Мајк Тајсон го предупреди Тајсон Фјури многу посериозно да го сфати реваншот против Александар Усик, кој беше договорен за 21 декември во Саудиска Арабија.

Кралот на Ромите ќе се обиде да му се реваншира на еден од најголемите ривали во кариерата за поразот што го претрпе кон средината на мај во мечот за апсолутниот шампион во тешка категорија.

Британецот доминираше во текот на првиот дел од мечот, но украинскиот борец полека ја презеде контролата врз борбата и го собори Фјури во деветата рунда.

На крајот, Усик го напушти рингот со кренати раце, бидејќи победи со поделена одлука, откако ја освои полутешка категорија, истото го направи и во кралската дивизија.

Ајрон Мајк, кој во ноември ќе има борба против популарниот јутјубер Џејк Пол, даде свое мислење за претстојната борба меѓу Усик и Фјури.

„Усик ги изненади сите. Мислам дека Тајсон Фјури премногу играше“, изјави Мајк Тајсон, а потоа додаде:

„Фјури би морал сериозно да ги сфати борбите. Се надевам дека во вториот меч ќе биде подобар и ќе победи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО