Репрезентативецот Лука Ангелов освои сребрен медал на „Монтенегро – Подгорица опен“

Одличен успех постигна репрезентативецот Лука Ангелов од ТК Феникс Кик изминатиов викенд на Меѓународниот таеквондо турнир „Монтенегро – Подгорица опен“ од Г1/Е1 серија освојувајќи сребрен медал.

Јуниорот Ангелов (- 68 кг) во првото коло извојува  победа над Адис Хусејновиќ од Босна и Херцегоцвина 2-0 во рунди, во второто славеше против Димириод Митсос од Грција 2-0, а во финалето беше поразен од Енес Душку од Црна Гора 0-1 (со ВДР).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО