Џошуа им порача на фановите дека не се откажува: Не успеав, но морам да размислувам позитивно

Поранешниот двократен шампион Ентони Џошуа минатиот викенд не успеа во својот план – да го победи Даниел Дубоа и да ја врати титулата.

Олимпискиот победник од Лондон пред 12 години загуби со нокаут во петтата рунда на боксерскиот спектакл пред 96.000 гледачи на Вембли.

Дубоа беше подобар од првиот удар во гонгот и го испрати Еј Џеј на земја три пати до нокаут. На крајот оствари убедлива победа со која го одбрани појасот на шампионот на ИБФ.

По толку тежок пораз, многумина се прашуваат дали 34-годишниот Ентони треба да стави крај на кариерата, но во видео порака им порача на фановите дека се враќа и го продолжува патот кон врвот.

„Не успеав, но морам да размислувам позитивно. Ставот и перспективата секогаш мора да бидат позитивни. Погледнете што постигнав во последните единаесет години, тоа е феноменално. Сакам да им се заблагодарам на сите што беа со мене. Какво лудо патување“, вели Ентони Џошуа, а потоа продолжува:

„Но, сè уште не е готово. Успеав двапати, а третиот пат не беше лесно да се направи. Верувам дека можам да стигнам таму само ако го направам вистинскиот чекор напред и напорно работам да се подобрам. А тоа пред се мора да доаѓа од срце“.

По двата порази од Усик, Џошуа се врати на големата сцена со четири победи (Џермејн Френклин, Роберт Хелениус, Ото Валин и Френсис Нгану), нема сомнеж како повторно ќе го стори тоа, бидејќи се уште не размислува за пензија.

„Она што го сакате треба да ви доаѓа од срце, а никогаш од гласови од страна. Но, кога ќе седнам и ќе размислам за тоа, знам дека имам многу повеќе во себе. Врзете ги појасите, бидејќи длабоко во себе имам уште многу да понудам и оставете го нашето патување да трае што подолго“, изјави Ентони Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО