Стефан Зашков и Даниел Манов ќе настапат на Светскиот куп во традиционално борење во Киргистан

Борачите на Олимпија Стефан Зашков и Даниел Манов, кои се натпреваруват во традиционално борење, на 22 август во Кубок, Киргистан, каде ќе ги одмерат силите во традиционално борење, односно дисциплината кураж.

На Купот ќе настапат 200 натпреварувачи од 35 земји

Ова е 2. Светски куп кој се одржува во Киргистан, а првиот беше одржан во Студеничани-Македонија.

„Претседателот на Федерација за традиционално борење Хамид Бакија  е најголем промотор на македонското традиционално борење и запознавање на светот со еден традиционачен спорт кој го има во Македонија од памтивек. За  првпат Стефан Зашков и Даниел Манов ќе ја преставуваат Македонија во дисциплината кураж“ изјави селекторот Ацо Крстев кој е тренер на КТБ „Ацо Крстев“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО