На Генади Головкин наводно му е понудена борба против Теренс Крафорд

На интернет се прошири веста дека на Генади Головкин му била понудена голема борба против Теренс Крафорд, која би се одржала во Саудиска Арабија.

Казахстанската боксерска легенда го имаше последниот меч пред речиси две години кога уште еднаш загуби во трилогијата со Канело Алварез.

Трипл Џи никогаш не објави крај на кариерата во која забележа 42 победи (37 нокаути), а единствен што не го победи беше Мексиканецот Канело (два порази и нерешено).

„Не сум во пензија, а никогаш не сум ни зборувал за пензионирање. Научив во животот да не размислувам за тоа. Ако се укаже прилика или се појави нешто, повторно ќе ме видите во рингот“, изјави неодамна Генади Головкин.

Засега тоа се само гласини, но не е невозможно, бидејќи во оваа приказна се вмешани и Саудијците. Се шпекулира дека борбата би можела да се договори следната година на настан во Ријад.

Нема сомнеж дека оваа борба би ги израдувала љубителите на боксот ширум светот, па дури и ако ГГГ ​​ја прекине победничката серија на Бад…

Шефот на спортско-забавните настани во Саудиска Арабија Турки Алалшеих пред десет дена изјави дека повеќе не го интересира натпреварот меѓу Канело Алварез и Теренс Крафорд.

Се чини дека сега бара нов противник за Крафорд, а еден од кандидатите секако би можел да биде Генади Головкин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО