Боксерски тренер спореди кубански тешкаш со Александар Усик

Тренерот Боб Сантос тврди дека кубанскиот тешкаш Дание Перо многу личи на светскиот шампион Александар Усик.

Украинецот во средината на мај стана неприкосновен шампион во тешка категорија. Усик е првиот тешкаш во ерата на четири појаси која ги обедини титулите со победа против Тајсон Фјури.

Но, неодамна го напушти појасот на ИБФ, кој Даниел Дубоа на 21 септември на Вембли ќе го брани против Ентони Џошуа.

А непоразениот Дание Перо последната борба ја имаше во јули против Џејмс Еванс, тоа беше негова осма победа во кариерата во која шест меча заврши со нокаут.

„Постојано велам дека Перо е поголема верзија на Усик. Не велам дека е Усик или дека ги постигнал истите работи како него, но има брзина во нозете и рацете. Перо може да направи речиси се што може Усик, има 13,5 килограми повеќе, а има само 24 години. Тој е способен да го достигне врвот“, рече Боб Сантос и продолжи:

„Секако, се уште е рано да се прогнозира во кој правец ќе оди неговата кариера и дали ќе го живее истиот начин на живот надвор од рингот како досега. Почна да заработува од борбите, останува да видиме колку е желен за напредок. Постојано разговараме и тој има високи амбиции. Небото е граница, но тој мора да остане гладен“.

Тренерот малку повеќе го пофали кубанскиот борец.

„Кога ќе го погледнете Перо, за кој верувам дека беше најмладиот тешкаш што некогаш се запишал во олимпискиот тим на Куба, има одредени вештини. Но, тој има големо срце и огромна желба да се докажува, па бидете внимателни кога ќе влезете во рингот со него“, изјави Боб Сантос, а потоа подвлече:

„Ако Перо може да ја задржи таа насока, да остане гладен и желен за успех, би можеле да го имаме првиот кубански шампион во тешка категорија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО