Егоров поразен од Шерават во осминафиналето на Олимписките игри

Владимир Егоров не го оствари резултатот кој го посакуваше во осминафиналето на Олимписките игри во Париз. Егоров загуби со технички туш од Аман Шерават од Индија со 0-10.

Индиецот Аман Шерават се покажа како непремостлива пречка за одличниот македонски борец, кој денеска го имаше својот прв, а веројатно и последен настап на игрите во Париз.

Шерават беше убедлив во осминафиналната пресметка и славеше со 10-0 во бодувањето, па со тоа ги урна надежите на Егоров кој посакуваше голем резултат на Олимпијадата. Евентуален репасаж за Егоров е возможен доколку неговиот денешен противник стигне до битка за златен медал.

Инаку, Егоров се натпреваруваше во категоријата до 57 килограми, дисциплина во која пред две години се закити со титулата европски првак на турнирот во Будимпешта..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО