Четири медали за Вардар на „Трофејот на мирот“ во Генерал Јанковиќ

Вардар, како дел од македoнскиот состав, учествуваше со пет борачи на Меѓумародниот турнирот „Трофеј на мирот“ за У-20 во Генерал Јанковиƙ, Косово, при што освоија 4 одличја – 2 златни и 2 бронзени.

Пласман на борачите на Вардар:

65 кг Стефан Зашков – 3 место
65 кг Мартин Кузмановски – 7 место
70 кг Александар Миланов – 1 место
79 кг Лука Давитковски  -3 место
97 кг Александар Марковски – 1 место.

Вардарци ги предводеа тренерите Гордан Николов и Дејан Тасев.

„Одлични резултати на меѓународен план, со оглед на тоа што уцхествуваа борачи од САД, Франција, Грција, Бугарија, Македонија, Албанија и Косово.

Во престојниот месец не очекуваат уште и активности и учество на:

– Геџа – Белград (грчко-римски стил), Македонски бисер – Кочани и Европското првенство за У-20 во Нови Сад.

Останете со нас, навивајте за Вардар и ние ќе остваруваме нови победи за Вас и Македонија“ порачаа од Вардар.

Да потсетиме дека дел од освојувачите на медали се од Олимпија, која е суспендирана и не може да настапува на домашните натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО