Успешен настап на Олимпија во Косово-освоени три медали

Борачите на Олимпија на меѓународен турнир во Генерал Јанковиќ, Косово, имаа забележителен настап освојувајќи 3 медали – 2 златни и 1 бронзен, како и едно петто место.

Александар Миланов (72 кг) освои златен медал, притоа извојува победи против борачи од САД, Франција, Косово и над клупскиот другар Милан кој стана 5-ти.

Инаку, Миланов е регистриран за Вардар, поради суспензијата на клубот, како и Александар Марковски и Стефан Зашков.

Александар Марковски е прво во категорија до 97 кг и Стефан Зашков е трети во категорија до 67 кг.

Борачите на Олимпија беа предводени од тренерот Гордан Николов.

Од друга страна, радува фактот, како што велат од Олмпија, што борачите на Балканец оствариле соработка со нивниот клуб, дури имале и заеднички тренинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО