Меѓународна сценаММА
Погледнете како Мек Грегор ги усворшуваше движењата пред мечот со Алдо (ВИДЕО)
Конор Мек Грегор отсекогаш тврдеше дека неговите движења се нешто што го издвојува од другите борци. На тренинзите е доста посветен на движењата, неопходни за време на борба. Некои се импресиониран од неговите движења и тврдат дека тоа е иднината на ММА.
„Прецизноста ја победува силата, а тајмингот – брзината“, изјави Мек Грегор по борбата со Алдо. Можеби таа реченица најдобро го опиша она што се случи во 13-те секунди борба за шампинската титула на УФЦ 194 и моментот кога го нокаутира до тој момент недопирливиот Алдо.
Мек Грегор, како што тврдат многумина, своето движење го подигнал на повисоко ниво. Како се подготвуваше за мечот со Алдо и како ги усовршуваше своите движења погледнете во приложеното видео.




