Дејан Георгиевски освои златен медал на „Загреб опен“

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски се закити со златен медал на „Загреб опен“ од Г1 серијата, кој викендов се одржуваше во Хрватска.

Олимпискиот вицепрвак во таеквондо најпрво славеше против Марко Насо од Италија, а потоа во полуфиналето беше подобар од Патрик Переира Кардосо од Бразил за на крајот да го совлада Брајан Зондероп и да освои златен медал.

Ова е второ злато за Георгиевски месецов, откако претходно беше најдобар и на турнирот Г1 Тирана Опен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО