Конор Мек Грегор е голем обожавател на Владимир Путин

Рускиот борец Дмитри Бикрев, кој е шампион во категоријата до 77 килограми во руската промоција АМЦ фајт најтс, раскажа како бил вклучен во доаѓањето на Конор Мек Грегор во Москва во 2018 година.

Ѕвездата на УФЦ се сретна со Владимир Путин на финалето на Светското првенство во 2018 година во Москва. Конор потоа го прегрна Путин, за што беше искаран од неговите телохранители.

Бикрев тврди дека имал голема улога во гостувањето на Мек Грегор.

„Дали учествував во посетата на Конор на Москва? Да. Мене ми се јави менаџерот и ме праша дали можеме да го донесеме, а имам пријатели во администрацијата. Ме прашаа: „Дали навистина одржуваш контакт со него?

Им кажав дека сум во врска со него. Испративме официјално писмо и го поканивме во Москва. Всушност, Конор е голем обожавател на Владимир Владимирович. Мек Грегор многу добро зборува за Русија.

Разговарав со него и тој е друга личност. Сликата е сосема поинаква. Се насмевнува, се шегува, удобно е да се биде во негово друштво“, изјави Бикрев за ТВ Меч.

Да се ​​потсетиме на средбата меѓу Мек Грегор и Путин:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО