Усик за Фјури: Алчниот шкембар се плаши од мене

Непоразениот украински боксер Александар Усик рече дека тој е најстрашен во професионалниот бокс.

Ѕвездата од Украина е светски шампион во тешка категорија на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО. Усик е и поранешен неприкосновен шампион во полутешка категорија. Усик кон крајот на август ќе ги брани титулите против Даниел Дубоа во Полска.

Александар се надеваше на борба со Тајсон Фјури, кој ја носи титулата на ВБЦ. За жал, двајцата не можеа да се разберат. Тајсон реши да се бори со Френсис Нгану, кој требаше да го има своето деби во боксот. Нивната средба е закажана за 28 октомври во Ријад, Саудиска Арабија.

Усик верува дека Фјури го избрал Нгану затоа што се плаши од него.

„Тоа е одлична можност за Нгану, но не и за Фјури. Зарем не е чудно што избра дебитант наместо да бокира со некој од топ 10? Секако дека алчното ѓубре се плаши од мене.

Дали сум јас плашилото што ги плаши сите во категоријата? Да, не мора ни да ги туркам, тие самите си го всадуваат тој страв. Сите луѓе имаат стравови, апсолутно секој човек.

Само лудите луѓе немаат страв. И двајцата боксери кога ќе влезат во рингот чувствуваат страв. Ова е апсолутно нормално“, изјави Усик за Боксинг сошл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО