Џермејн Френклин убедливо го победи Мексиканецот Исак Муњоз

Американскиот боксер Џермејн Френклин по двата порази од Дилиeн Вајт и Ентони Џошуа стигна до нова победа.

На настанот во Детроит по десет одлични рунди Френклин убедливо го совлада мексиканскиот борец Исак Муњоз.

Доминираше во текот на целиот меч, а судиите му ги дадоа сите десет рунди.

Уште од првиот удар во гонгот беше јасно дека Џермејн ќе го води мечот.

Веднаш  тргна со директи и одлично го контролираше растојанието, не дозволувајќи му на противникот никаков одмор.

Постојано со левото кроше му се закануваше на Муњоз, кој најмногу се бранеше.

По убедливиот настап, Френклин сега повторно може да бара противник меѓу подобрите светски тешкаши.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО