Џо Џојс и Жилеј Жанг имаат датум и место за реваншот

Кинескиот борец Жилеј Жанг потврди дека ќе го брани привремениот појас на ВБО во тешка категорија против Џо Џојс.

Нивниот реванш ќе се одржи на 2 септември во ОВО арената Вембли во Лондон.

Тоа ќе биде нивни втор меч откако 40-годишниот Жанг го совлада Џојс со прекин во шестата рунда во средината на април.

Менаџерот на британскиот боксер Шејн Вотсон претходно откри дека Џо ќе ја активира клаузулата за реванш и го искористи тоа право.

Жилеј Жанг до август минатата година беше непоразен, но потоа загуби од Филип Хрговиќ на настанот во Џеда.

Жанг го освои сребрениот олимписки медал во 2008 година, а со победата против Британецот се надеваше дека ќе го предизвика шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, но Џојс побара реванш.

И 37-годишниот Џојс, кој освои сребрен медал на Олимписките игри во 2016 година, беше непоразен до мечот против кинескиот тешкаш. Британецот имаше 15 победи во низа, од кои 14 завршија со нокаут.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО