АктуелноДомашна сценаКарате
Емил Павлов има норма за Европските игри 2023 во Полска

Официјално, најдобриот македонски каратист Емил Павлов ја исполни нормата за учество на Европските игри 2023 во Краков, Полска, од 9 до 25 јуни.
Засега, Павлов е единствен македонски каратист со 3-то учество на Европски игри. Ќе потсетиме дека на првите Европски игри во Баку, Азербејџан, во 2015 година освои бронзен медал.

Емил учествуваше и на ЕИ во Минск, Белорусија, во 2019 година, но не освои медал.
„Голема чест и привилегија е за мене што ќе имам можност по 3-ти пат во низа на европски игри да ја претставувам Македонија на највисоко ниво!
Голема благодарност упатувам до сите кои веруваат во мене и на поддршката за исполнување на оваа норма!“, напиша Павлов на Фејсбук.



