Сребра за Стојановски и Настоска од Сеишин на Меѓународниот џудо турнир во Аминдео

Сеишин со 7  натпреварувачи освои два сребрени медали на Меѓународниот џудо турнир во Аминдео, Грција.

Медалите се за кадетите Јован Стојановски (-50 кг) и Теа Настоска (-48 кг).

На турнирот учествуваа околу 400 натпреварувачи од Грција, Молдавија, Грузија Италија, Бугарија и  Македонија.

„Останатите натпреварувачи Михаил Стојановски, Георги Магдески, Борис Џагадуроски, Михаил Димоски и Елеонора Илиоска, иако остварија по 1 или 2 победи не се закитија со медали, но презентираа одлични борби. Мораме да потенцираме дека сите беа под силен притисок на судиите и затоа нашите натпреварувачи практично беа оневозможени и да сторат нешто повеќе“, велат од Сеишин и додаваат:

„Сепак, Сеишин е задоволен од настапот на сите и постигнатиот успех на еден ваков силен меѓународен натпревар, на кој, покрај противниците, наспроти себе ги имавме за противници и судиите и натпреварувачката комисија, кои направија се за нашите џудисти да не се закитат со медал“.

Екипата ја предводеше тренерот и селектор на македонската кадетска селекција Дејан Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО