Солиден настап на Глигороски и Недановска на Европскиот џудо куп за јуниори во Сараево

Христијан Глигороски и Лилјана Недановска имаа солиден настап на Европскиот џудо куп за јуниори во Сараево, Босна и Херцеговина.

И двајцата имаа по една победа и пораз, со тоа што Недановска доби шанса во репасажот, за жал, загуби.

Глигороски во втората борба се бореше против французинот Жасон Окоје и како што наведуваат од клубот (ЏК Дрим), во крајно неизвесна борба до самиот крај Христијан загубил со три добиени казни и со тоа заврши неговиот настап.

На Европскиот куп настапија 268 натпреварувачи (166 во машка и 102 во женска конкуренција) од 18 земји.

Резултати
-81 кг
Христијан Глигороски – Орхан Рекиќ (БиХ)  победа со ипон
Христијан Глигороски – Жасон Окоје (Франција) пораз со ипон и вазари

-63 кг
Лилјана Недановска – Марија Лулеџија (БиХ) победа со 2 вазари
Лилјана Недановска – Мартина Глубијак (Послска) пораз со 2 вазари
Лилјана Недановска – Уна Спадијер (Црна Гора) пораз со ипон

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО