Пет медали за џудистите на Работнички во Аминдео-Грција

Џудистите на Работнички имаа забележителен успех на Меѓународниот џудо турнир во Аминдео, Грција, освојувајќи пет медали.

Медалите ги освоија Анабела Данилова и Мелани Митевска златни, Андреј Трајчов сребрен, Мусај Беслими и Сефан  Стојков бронзени.

На турнирот учествуваа околу 400 натпреварувачи од Грција, Молдавија, Грузија Италија, Бугарија и  Македонија.

Турнирот беше од критериумски карактер за сите потенцијални кандидати за кадетската селекција. Па така од нашите клубови настапија Сеишин, Пролетер и Мастер од Прилеп, Миоки и Работнички од Скопје и Кожувчанка од Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО