Џорџ Форман ги избра десетте најдобри тешкаши во историјата, Мухамед Али е само петти

Љубителите на боксот секогаш ќе имаат бескрајни дебати за тоа кој е најдобар, но кога тоа прашање ќе се постави на некој кој поминал доволно време во рингот, тогаш тој избор носи тежина.

Еден од нив е секако 73-годишниот Џорџ Форман, кој во текот на својата голема кариера се бореше со легендарни боксери како Џо Фрејзер и Ивандер Холифилд, а беше учесник и во спектаклот „The Rumble in the Jungle“ против Мухамед Али.

Во текот на кариерата Големиот Џорџ извојува 76 победи (68 нокаути), а има пет порази, тој е еден од најистакнатите боксери во историјата.

Форман ги избра десетте најдобри, но на таа листа го немаше актуелниот шампион на ВБЦ, Тајсон Фјури.

Прв на неговата листа е Џо Луис, кој во својата 17-годишна кариера (боксирана од 1934 до 1951 година) победи на 66 меча (52 нокаути), а имаше само три порази. Луис беше модел на Биг Џорџ.

„Џо Луис е најголемиот тешкаш во историјата на боксот“, рече Џорџ Форман и продолжи:

„Мојот број два во тешка категорија е непоразениот Роки Марчијано пред Џон Л Саливан, Џек Џонсон и Мухамед Али.

Фактот дека Форман го рангираше Мухамед Али на петтото место може да им привлече внимание на љубителите на боксот.

Затоа што Али важи за еден од најдобрите боксери на сите времиња, ако не и за најголем.

Но Форман сака да нагласи дека влијанието на Али надвор од рингот ги надмина неговите боксерски вештини. Големиот Џорџ верува дека имало и подобри.

„Некои никогаш во животот не гледале боксерски меч. Мухамед Али беше голем човек и да се зборува за него од чиста боксерска перспектива е навреда. Тој беше поголем од тоа. Благодарение на Али, животот на сите им беше подобар“, нагласи Џорџ Форман.

Изборот на Форман на топ десет тешкашите на сите времиња:

Џо Луис
Роки Марчијано
Џон Л Саливан
Џек Џонсон
Мухамед Али
Флојд Патерсон
Ленокс Луис
Мајк Тајсон
Ивандер Холифилд
Џек Демпси

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО