Тајсон Фјури: Спиев на подот во болница

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, спиел на подот во болница пред трилогијата со Дионтеј Вајлдер.

Трилогијата за титулата во тешка категорија ја видовме на крајот на минатата година. „Ромскиот крал“ го нокаутира Вајлдер во 11-тата рунда за втора одбрана на титулата. Фјури се претстави многу добро на мечот, победи и покрај тоа што падна имаше нокдаун.

Тајсон имаше многу неволји пред оваа борба. Во тоа време го очекуваше своето 6-то дете.

„Бев на тренинг камп пред третата борба со Вајлдер.

Наеднаш, бам, целиот тим доаѓа со Ковид-19 во јули. Па си отдовме дома. Парис е бремена со нашето шесто дете во тоа време и го имаме ова мало бебе.

Таа имаше ретка срцева болест кога се роди. Лекарите не можеа да го забават нејзиниот пулс. Навистина не знаев колку е сериозно.

Тренирав за третата борба со Вајлдер и спиев на болничкиот под“, изјави Фјури за Тал спорт.

Фјури го најави повлекувањето од боксот откако го победи сонародникот Дилиен Вајт на 24 април во Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО