Тони Фергусон не сака да тренира со Чарлс Оливеира: Можеби повторно ќе се бориме

Американецот Тони Фергусон останува еден од најпопуларните борци на УФЦ и покрај низата од четири порази.

Ел Кукуј загуби во последните четири настапи против Џастин Гејџи, Чарлс Оливеира, Бенеил Дариуш и неодамна од Мајкл Чендлер.

Сласта на победата последен пат ја вкуси во јуни 2019 година, кога беше подобар од Доналд Цероне.

Фергусон пред неколку дена доби покана од моментално најдобриот борец во лесна категорија и до неодамна шампион Чарлс Оливеира.

Бразилецот добро ја знае ситуацијата кога борец ќе влезе во неволја и ќе биде поразен.

Но, Тони ја одбил понудата и не сака да тренира со Оливеира, смета дека тоа не е добро, затоа што тие би можеле повторно да се сретнат во иднина.

„Chute Boxe е многу добра теретана, но тој е во мојата тежинска категорија. Јас сум еден од ретките што не ги заврши, а на тој меч влегов главно вежбајќи само џиу-џицу. Не бев толку лош како Дастин Пориер кој само лежеше неподвижен на подот. Бев активен и барав начин да ја прекинам борбата“, изјави Тони Фергусон и додаде:

„Морам да размислам, можеби во иднина повторно би можеле да се бориме. Нема тензија меѓу нас, но сега не е време да тренираме заедно. Има неколку сали во кои може да се приклучам, а така и двајцата ќе растеме“.

Неколку сали понудија да го примат Ел Кукуја, кој сега може да избира. Тони наскоро би можел да се придружи на една од нив…

„Добив повик од Џексон-Винк, ММА синдикатот, а ми се јави и Џон Хеклмен. Тука е и Перформанс институтот на УФЦ. Има многу понуди и опции, но се уште ништо не сум одлучил“, изјави Тони Фергусон и заклучи:

„Мислев дека се можам сам да направам, а извесно време бев успешен. Сега сум подготвен повторно да бидам дел од тим. Ако сакам да останам меѓу подобрите, морам да тренирам на високо ниво“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО