Боксер испадна од рингот по брутален нокаут (ВИДЕО)

Американецот Џон Рамирез можеби не и е добро познат на пошироката јавност, но тоа секако ќе се промени по неговата последна победа.

25-годишниот боксер, кој се натпреваруваше во мува категорија, минатиот викенд на гала вечер во Калифорнија, САД, ја извојува 10-та победа во профи рингот.

Рамирез го совлада Мексиканецот Џан Салватиера со исклучително тежок нокаут во првата рунда. И покрај 51 килограм во категоријата, во која се мачат, Рамирез покажа сериозна сила во рацете, испраќајќи го противникот надвор од рингот по ладнокрвниот десен директ во главата.

Салватиера колабирал и испаднал од рингот, а соодветната и навремена интервенција на еден од фотографите спречила многу посериозен инцидент. Боксерот успеа да се врати, но очекувано судијата го прекина мечот.

Така Рамирез ја обезбеди северноамериканската титула во дивизијата, бидејќи 8 од 10-те победи му беа со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО