Жилеј Жанг ги предупреди идните противници: Таа рака ми е силна, со неа го повредив Хрговиќ

Жилеј Жанг во својата богата професионална кариера има само еден пораз. Кинескиот тешкаш беше поразена од Хрватот Филип Хрговиќ со судиска одлука по 12 рунди на боксерска манифестација во Џеда во август минатата година.

Но, 39-годишниот Жанг го направи своето големо враќање во средината на април кога го победи Џо Џојс со прекин во шестата рунда и ја освои привремената титула на ВБО.

По мечот изрази желба да се бори со Усик, но засега тоа нема да се случи, бидејќи Украинецот има други планови.

Деновиве Кинезот ги предупреди своите идни противници за неговото најсилно оружје.

„Одлично ја користам левата рака и знам да го погодам противникот. Таа моја рака е силна, со неа го повредив Хрговиќ. Можам да погодам секого со тој истрел. Тие можат да го видат, но не можат да го избегнат“, рече Жилеј Жанг и додаде:

„Многумина мислат дека не сум во форма кога ме гледаа на мечот против Хрговиќ, но и тогаш имав добри подготовки. Џојс сакаше да се бори што подолго, но не успеа, јас победив. Но, јас сум подготвен да ги боксирам сите 12 рунди“.

По триумфот на Жанг над Џојс, Хрговиќ го прзова Кинезот и му понуди реванш.

„Нека одмори малку, за да имаме реванш на крајот од годината. Одам во Пекинг и ќе го победам пред милијарда Кинези“, изјави Филип Хрговиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО