Стефан Стојановиќ стана европски шампион во едно неисвесно и возбудливо финале совладувајчи го Италијанецот Матео Авназини со звукот на сирената, однсно 5-4.
Стојановиќ стана шампион на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во јуниорска конкуренција во категоријата над 76 килограми.
Стојановиќ водеше тешка борба и буквално во последната секунда ја обезбеди титулата при резултат 4-4, а кој го изадначи Италијанецот на две секунди пред крајот. Нашиот каратист брзо реагираше и зададе шампионски удар.
Резултатот тргна со 1-1, 1-2, 2-2, 3-2, 3-3, 4-3, 4-4 и 5-4.
На патот до финалето славеше против Амир Зуауи (Франција) 4-2, Мартин Елијас (Чешка) 3-2, Артјом Јермолаев (Латвија) и Хуберт Јароцки (Полска) 2-1.
Ваквиот развој на настаните не беше лесен за тренерот на Петар Заборски, нешто што срцето го става на најголема брзина.
„Кога видов дека Стефан е во финале со натпреварувач од Италија, едноставно несакајќи ми се врати моето финале од Цирих, Швајцарија, кога судијата цело време ми доделуваше казни за предозирани удари, се со цел да му помогне на италијанскиот спортист. Тогаш дури ме дисфалификуваа во финале. Цела сала негодуваше на таа судиска одлука, но залудно, сега не згрешив, повторно судијата измисли контакт, но, за разлика од мојата борба, овие судии не ја прифатија таа негова забелешка и Стефан победи“.
За борбата пред финалето и подготвувањето на Стефан за златниот медал Заборски вели:
„Како клуб, од овде, сите се ангажиравме ги симнавме сите претходни бирби на Италијанецот, анализиравме се и Стфеан доби точни насоки како да се однесува и што да работи од техничкиот дел. Се разбира, ако бевме на лице место се ќе беше навремено направено и поради фактот што го познаваме најдобро, знаеме и каков совет да му дадеме. За среќа, ударот во последната секунда судиите го верификуваа како поен и ете, имаме европски шампион“.
За последните секунди кои го креваат притисокот…
„Стефан на моменти, посебно кога водеше на 11 секунди до крајот, не требаше само да го шува поенот. Ние го подготвивме во тие моменти тој да атакува, бидејќи противникот многу се отвараше во желбата да изедначи. Тој и успеа во тоа. Во последните 2 секунди Стефан нападна самоуверено и успеа да поентира“.
За техниките…
„Од техниките кои му беа советувани, изработи скоро се, но Стефан може и многу повеќе. Бидејќи беше извинредно кондициски подготвен од страна на нашиот кондициски тренер Иван Тиосавлјевиќ, едноставно не се чувствуваше дека има замор. Сето тоа придонесе на крајот да славиме“, заклиучува Заборски.
ЕП 2021 Тампере:
+76 кг
Стефан Стојановиќ – Амир Зуауи (Франција) 4-2
Стефан Стојановиќ – Мартин Елијас (Чешка) 3-2
Стефан Стојановиќ – Артјом Јермолаев (Латвија)
Стефан Стојановиќ – Хуберт Јароцки (Полска) 2-1
Финале
Стефан Стојановиќ – Матео Аванзини (Италија) 5-4