Јоана Јеџејчик со ужасна повреда на ногата (ФОТО)

Joана Јеџејчик, поранешната УФЦ шампионка, повеќе од една година е надвор од октагонот.

Полската воинка е поразена во последните четири одбрани на титулата. Поради коронавирусот, таа не можела да отпатува за Флорида, каде нормално се подготвува за борби, па се посвети на семејните и маркетинг обврските во нејзината татковина.

Во последните неколку недели, таа повторно започнала интензивно да тренира и навести дека наскоро ќе се бори. Вчера сподели со своите фанови слики од многу непријатна повреда на коската. Се повредила на тренинг и веднаш била пренесена во болница, каде хирурзите реагирале навремено и се чини дека повредата нема да остави сериозни последици.

„Значи, вие сакате да бидете борец? Јас не сум модел, јас сум ММА-борец. Скролајте налево и погледнете ги фотографиите на ваш сопствен ризик. Добрата вест е што утре можам да се вратам на тренинг. Голема благодарност до хирургот Бартек Мамински и брзата реакција и љубезност на персоналот на Итната служба“, напишала Јоана покрај сликата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО