Маја Бобан ги почна подготовките за ЕП и СП: Верувам дека ќе освојам медал оваа година!

Репрезентативката во самбо, Маја Бобан, ништо не препушта на случај за крајната цел – медал од европско или светско првенство во самбо. Бобан ги почна подоготовките уште сега,  иако нема натпревари во овие два месеца.

Нејзина цел се Европското првенство во Италија во мај и Светското првенство во Москва во ноември.

„2021 не очекуваат нови натпревари каде ќе земеме учество и не смееме да имаме пауза во тренирањето. Се уште чекаме да работиме тренинг во сала, но тоа не значи дека паузираме. Со селекторот Ердал Факиќ одлучивме дека е потребно да додадам и тежински тренинг за зголемување на сила и мускулна маса. По многу размислување, се одлучивме според мене за една од најдобрите персонални тренери Кристина Неделковска. Девојката ја следев претходно како работи и видов дека едноставно ве убива на тренинг и сфатив таа е за мене. Таа подготви програма според која работиме на градење мускулна маса и процентуално намалување на мастите, а со тоа и на самата килажа за новата категорија – 65 кг. Воедно работиме и вежби за експлозивност“, вели Маја Бобан.

Таа истканува е на посебен режим на исхрана и дека  е строго под нејзина контрола за се. Маја вели дека смирена зашто знае оти е во добри раце и тоа што го сакаат ќе го добијат како краен резултат.

„Веруваме дека 2021 година ќе биде наша година, односно дека конечно ќе земеме медал“, категорична е Бобан.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON